Објавена програмата на првиот фестивал „Under 600″ – четиридневна прослава на независниот театар

Штрих со особено задоволство ја објавува програмата на „Under 600″ – првиот фестивал што ги обединува независните театри од Западен Балкан (поддржан од British Council) кој ќе се одржи од 25 до 28 септември 2025 година во Скопје, под мотото „И покрај се”.

Under 600 е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската унија, кој има за цел да го подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор, како и развој на потенцијалот на секторот за социо-економско влијание во овој регион.

Фестивалот ќе претстави вкупно 12 претстави и перформанси, со посебен фокус на македонската продукција. Преку оваа ревијална селекција, публиката ќе има можност да се запознае со моменталните трендови и естетички тенденции во современиот независен театар од регионот, како и со предизвиците со кои тој се соочува.

Програма по денови:

ЧЕТВРТОК, 25.09.2025 г.

19:00 СНЕГ — продукција: „Штрих”, Скопје, С. Македонија; режија: Зоја Бузалковска
Сала 25 мај – Младински културен центар

21:30 КРСТ СО ПЕТОКРАКА — продукција: „Корифеј театар”, Колашин, Црна Гора; режија: Зоран Ракочевиќ
Кино Фросина – Младински културен центар

ПЕТОК, 26.09.2025 г.

12:00 Промоција на платформата Under 600 и настан за вмрежување
The Dude specialty coffee

17:00 READY-MADE PLAY — продукција: „МИ филм и театар”, Скопје, С. Македонија; перформанс на Ивица Димитријевиќ
Улица Македонија

18:00 СЁ ДОДЕКА ЗБОРУВАМЕ ЗА ЉУБОВТА — продукција: Театар „Промена”, Нови Сад, Србија; режија: Маша Павловиќ
Факултет за драмски уметности – Скопje

20:00 КОЈЗНАЕ ЗОШТО? — продукција: Здружение „Купола”, Штип, С. Македонија; режија: Дамјан Читкушев
Кино во железничка зграда

22:30 ЛА МАКБЕТ — продукција: „Хибрид”, Скопје, Македонија; режија: Шенај Мандак
Факултет за драмски уметности

САБОТА, 27.09.2025 г.

12:00 Настан за вмрежување
The Dude specialty coffee

17:00 СРАМ — продукција: „Тииит Инк!”, Скопје, С. Македонија; монодрама на Ангела Стојановска
Котур кафе и филм

18:00 READY-MADE PLAY — продукција: „МИ филм и театар”, Скопје, С. Македонија; перформанс на Ивица Димитријевиќ
Улица Македонија

19:00 ДОБРИ ЛУЃЕ — продукција: Театар „Златен Елец”, Скопје, С. Македонија; режија: Тамара Стојаноска
Кино во железничка зграда

21:00 ЗАГАТКАТА НА РЕВОЛУЦИЈАТА — продукција: „ДАХ Театар”, Белград, Србија; режија: Дијана Милошевиќ
Факултет за драмски уметности – Скопје

НЕДЕЛА, 28.09.2025 г.

12:00 Настан за вмрежување
The Dude specialty coffee

17:00 KRIEG/A-C-I-N-S-E-L-A-K — продукција: ИТИ Македонија; експериментален видео-театарски проект на Ивана Апостолова Баскар
Бар Гарсон

18:30 СМРТ ВО ДУБРОВНИК — продукција: „Празен простор”, Подгорица, Црна Гора; режија: Петар Пејаковиќ
Баскар Бар Гарсон

20:00 ОНЛИФЕНС — продукција: „Артопија”, Скопје, С. Македонија
The Dude specialty coffee

Фокус на млади уметници: Специјална програма која вклучува проследување на фестивалот од студенти од регионот и презентирање на две претстави, со цел поддршка на следните генерации театарски креатори.

За фестивалот

„Under 600″ е иницијатива за зајакнување на независниот театар во регионот на Западен Балкан, создадена од Штрих заедно со Дах театар од Србија и Корифеј театар од Црна Гора. Регионалниот карактер на фестивалот овозможува создавање на заедничка енергија и согледување на творечките сличности и различности во регионот.

Фестивалот ќе го претвори Скопје во прослава на независниот театар, создавајќи простор за слободно творештво и уметничко влијание.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни