Нутриционисти предупредуваат која храна треба да се избегнува за време на празниците

Експертите советуваат намалување на употребата на масло, а наместо пржење и класично печење, користење на поздрави методи како што се готвење на пареа и печење со топол воздух

Со наближувањето на празниците, маси се полнат со храна. Но, тоа може да има лошо влијание на нашиот организам. Кој тип храна треба што повеќе да се избегнува за време на празничните вечери?

Ултра-преработена храна и слатки
Нутриционистката Еви Вајтхед советува да се намали внесот на ултра-преработена храна, како што се чоколада, бонбони и чипс, бидејќи „нашите црева не ја сакаат таквата храна”. Таа препорачува избор на намирници кои се што поблиски до својот природен облик.

Нутриционистката Шарлот Уотс ja нагласува важноста на квалитетот пред количеството. Таа вели дека е подобро да се изедat “неколку квалитетни чоколади, наместо голема количина евтина чоколада”. Од друга страна, диететичарката Кристин Бирн истакнува дека повремено уживање во ултра-преработена храна не е штетно, но советува фокусирање на хранливи намирници како овошје, зеленчук, целосни житарки и ореви.

Големи порции
Токму за време на празниците лесно е да се претерува со количината на храната на чинијата, но стручњаците предупредуваат на можните последици како што се надуеност и проблеми со варењето. Диететичарката Ничола Лудлам-Рејн препорачува јадење полека, уживање во секој залак и ослушкување на сигналите за ситост за да се избегне прејадување. Бирн додава дека консумирањето храна до чувството на пријатна ситост овозможува внесување на потребните хранливи материи без непотребно оптеретување на дигестивниот систем.

Пржена храна и масло
Експертите советуваат намалување на употребата на масло, а наместо пржење и класично печење, користење на поздрави методи како што се готвење на пареа и печење со топол воздух. Повремена консумација на пржена храна во мали количини не штети, но претерувањето може да доведе до дигестивни тегоби како што се надуеност и непријатност.

Мрсна храна
За полесно варење, изберете нискомасни делови од месо и намалете ја употребата на додадени маснотии, како путер и маргарин. Додавaњe прилози богати со влакна, како пире од батат, може да помогне во варењето. Иако големи количини маснотии можат да го оптоварат дигестивниот систем, квалитетните маснотии и протеини се важни, особено зиме, но клучно е да се внимава на умереност.

Умереност наместо забрани
Празниците се време на радост, па целосното избегнување на омилените јадења може да биде контрапродуктивно. Темната чоколада и вареното вино, на пример, имаат антиоксидативни предности кога се консумираат умерено. Наместо прескокнување оброци или строги ограничувања за да “се зачувате за вечерата”, јадете редовно и следете го чувството на ситост. Советот на стручњаците е да уживате во празничните специјалитети, но внимавајте на квалитетот и количината за да ја сочувате рамнотежата и здравјето на дигестивниот систем.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни