Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ испишаа историја на тенискиот турнир во Шангај

Ова беше вкупно 22. меѓусебен меч во кариерите на двајцата тенисери и 20. победа на Новак Ѓоковиќ, додека Чилиќ остана на само две победи против некогашниот светски број 1.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада хрватскиот противник Марин Чилиќ со 7:6, 6:4 во второто коло од АТП Мастерс турнирот во Шангај.

Ова беше вкупно 22. меѓусебен меч во кариерите на двајцата тенисери и 20. победа на Новак Ѓоковиќ, додека Чилиќ остана на само две победи против некогашниот светски број 1. Ѓоковиќ моментално е четврти тенисер во светот според АТП листата, додека Чилиќ е на 97. место.

Ѓоќовиќ и Чилиќ испишаа историја на тенсикиот турнир во Шангај. Тие се најстариот пар кој одиграл официјален меч на Мастерс 1000 турнирите. Двајцата заедно имаат 75 години со што влегоа во историјата на турнирот.

По мечот, Ѓоковиќ изјави: „Да, уживав, но и се мачев! Му честитам на Марин, играше добро, беше тешко, тој беше подобар играч во поголемиот дел од сетот. Ова ми беше прв меч по УС Опен, сега се обидувам да ги запалам моторите, да ја пронајдам мојата игра, да се прилагодам. Драго ми е што успеав да ја завршам оваа задача“, рече Ѓоковиќ и додаде:

„Марин ми е многу добар пријател, тој е Грен слем шампион и навистина добар играч. Имаше неколку повреди во последниве години, но постојано се враќа, голема е инспирација за секого“, заклучи српскиот тенисер.

Во следното коло против германската сензацијаСрпскиот тенисер, освојувач на најмногу Грен слемови во историјата, ќе игра во следното коло против германската сензација Јаник Ханфман.

Тој е 159. тенисер според АТП листата, но сепак го совлада 29. тенисер во светот, Американецот Френсис Тиафо, со убедливи 6:2, 6:1.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни