Нова ера на електронски услуги: Националниот портал со нов изглед и нови функционалности

Во организација на Министерството за дигитална трансформација, денеска се одржува конференцијата „Национален портал за електронски услуги: нов изглед, нови електронски услуги“, која има за цел да ги промовира најновите подобрувања и функционалности на платформата.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ќе ја презентира трансформацијата на порталот, нагласувајќи ги неговите најзначајни новини.

Покрај Андоновски, на конференцијата учествуваат високи претставници од институции чии што услуги сега се дел од порталот. Според агендата, свои обраќања ќе имаат:

  • Зоран Љутков, министер за култура
  • Александар Стоилевски, помошник министер за информатика и телекомуникации
  • Никола Мемов, директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
  • Ален Деребан, заменик министер за правда
  • Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика
  • Оливер Миланов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Што значат промените за граѓаните?

Со новите функционалности, Националниот портал за електронски услуги има за цел да ги направи административните процеси поедноставни, побрзи и подостапни за сите граѓани. Порталот вклучува нови електронски услуги од повеќе сектори, меѓу кои култура, енергетика, социјална заштита и правда.

Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон модернизација на јавната администрација и доближување на институциите до граѓаните преку дигитализација. Министерството за дигитална трансформација најавува дека новиот портал ќе продолжи да се развива со цел да одговори на потребите на современото време.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни