Според истражувањата на пензиските друштва, токму недостатокот на информации е една од најчестите причини што ги спречува да ги користат сите права и можности што им ги нуди вториот пензиски столб.
За да ја олеснат едукацијата и да обезбедат полесен пристап до информации, пензиските друштва континуирано организираат кампањи и едукативни активности, меѓу кои оваа година е и новиот дигитален речник на пензиски термини.
Достапен на официјалната страница penzija.mk, речникот нуди јасни и кратки објаснувања за најчесто користените поими, за младите да можат да сфатат како функционира системот на пензиско штедење, што ги заштитува од забуни и им овозможува да донесуваат информирани одлуки уште на почетокот на кариерата.
Од КБ Прво пензиско друштво, Сава пензиско друштво и Триглав пензиско друштво објаснуваат дека времето е најважниот фактор во градењето на пензиската заштеда. Токму затоа, целта на ваквите едукативни активности и кампањи е да се зголеми свесноста за важноста и придобивките од навременото информирање и градење заштеда.
Младите треба да се охрабрат да ги следат можностите што ги нуди системот на пензиско штедење и да преземат поголема контрола над својата финансиска иднина и сигурност. Првиот чекор е да ги разберат основните поими и принципи на нашиот пензиски систем.
Оваа тема пензиските друштва подетално ја обработуваат во нивната последна блог објава „Зошто е важно да ги разбираш пензиските термини“.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk