Бијонси, Кендрик Ламар и… Битлси? Великанската четворка се раздели пред повеќе од половина век и уште само двајца од нив се живи, но се натпреваруваат за наградата „Греми“ за најдобар албум на годината.
Ова изненадувачка номинација отвора дебата во Академијата за дискографска уметност за користењето на вештачката интелигенција во музичката индустрија.
Веста дека Битлси ќе објават нова песна под името Now and Then, креирана со помош на вештачката интелигенција, предизвика возбуда меѓу некои фанови, но и шок кај други, бидејќи некои заклучија дека станува збор за „deepfake“ материјали.
Но, тоа не е така.
Песната Now and Then е креирана со помош на вештачката интелигенција која била користена за „прочистување“ на дел од демо-снимката стара неколку децении на која имало премногу шум. Таа била користена само за изолирање на вокалите на Џон Ленон од непосакуваните делови од снимката. Авторите потоа додале електрична и акустична гитара која ја снимил починатиот Џорџ Харисон 1995 година, завршувајќи ја песната со тапани на Ринга Стар, бас, пијано и гитара на Пол Мекартни, со додатни пратечки вокали.
Американската Академија за дискографска уметност и наука, која ќе додели Греми награди оваа недела во Лос Анџелес, оценила дека е соодветно песната да биде номинирана за награда за албум на годината и за најдобро рок изведба.
Многу уметници денес изразуваат голема загриженост во врска со етичноста на музиката создадена со помош на оваа технологија. Академијата во 2023 година донела одлука дека само луѓето можат да се квалификуваат за Греми награди.
„Делото кое нема никаква човечка придонес не може да се квалификува во ниту една категорија“, стои во одлуката. Но, „делото кое содржи елементи на материјал генериран со вештачка интелигенција може да се квалификува во соодветните категории“, се додава.
Значи, како што стојат работите сега, дело создадено исклучиво со генеративна вештачка интелигенција не може да се квалификува за награда. Песни кои биле доработени, а не креирани со алатки на вештачка интелигенција, како што е Now and Then, можат да бидат разгледани.
Или, како што рече Мекартни во врска со новата песна на Битлси: „Ништо не е вештачки создадено.“
Кантавторката од Нешвил, Мери Брег, изјави за АФП дека технологијата која била користена за Now and Then е прилично вообичаена. Таа изјави дека овој алатка се користи често како дел од редовната практика, па медиумскиот шок во врска со песната на Битлси е малку претерано.
Сепак, Брег истакна дека импликациите на AI алатките во музиката се „голема работа бидејќи сега се наоѓаме на ново поле.“
Прашањата се далекусежни и „тоа сигурно е лизгав терен“, изјави за АФП. „Луѓето сè повеќе разбираат што сè е можно.“
„Но, ако не се зачува интегритетот на уметноста, тоа ќе биде голема причина за загриженост.“
Вклучувањето на Битлси „е најава за тоа што веројатно ќе дојде во иднината во светот на дискографската уметност“, рече таа.
Неколку други уметници номинирани за снимка на годината веќе биле номинирани во оваа категорија, но никогаш не ја добиле, вклучувајќи ја Бејонсе, Ламар и… Битлси. Ова им е петта шанса во оваа категорија; последен пат беа номинирани 1971. за Let It Be.