Независните граѓански иницијативи собираат потписи за формирање партии

Овие граѓански иницијативи ги повикуваат граѓаните кои сакаат да дадат поддршка и да се вклучат во процесот тоа да го направат преку потпишување за формирањето на партија како поддршка против системското отежнување за нивно учество на локалните избори.

Независните граѓански иницијативи од Скопје формираат партии со цел учество на локалните избори кое им беше оневозможено. „Зелен Хуман Град“ кои настапуваат независно на овие локални избори, но и „Шанса за Центар“ кои формираат партија заедно со „Независни за Карпош“  и „Зелените од Гази Баба“ го почнаа процесот на собирање 1000 потписи за основање на политичка партија. Овие граѓански иницијативи ги повикуваат граѓаните кои сакаат да дадат поддршка и да се вклучат во процесот тоа да го направат преку потпишување за формирањето на партија како поддршка против системското отежнување за нивно учество на локалните избори.

Од независните граѓански иницијативи велат дека процесот на собирање е веќе во тек и дека секој еден потпис е важен. Во моментов, како што велат од „Шанса за Центар“  потребно е да се направи изборот за тоа каде граѓаните ја гледаат вистинската граѓанска алтернатива. Тие велат дека остануваат верни на вредностите на солидарност, зедништво, инклузивност и доверба со здружениот настап на повеќе скопски иницијативи на изборите, а наскоро ќе ги претстават нивните листи и кандидати.

 „Зелен Хуман Град“ во поглед на учеството на локалните избори ќе настапуваат самостојно. Од таму, повикуваат на собирање потписи за нивната партија која како што велат „во срцето на својата агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина”.Tие посочуваат дека ЗХГ  ќе ја формира првата партија основана од долгогодишни волонтери, а не од спонзори.

Новата политичка битка во која влегуваат граѓанските иницијативи во Македонија доаѓа откако се создаде правен вакуум за учество на независните движења на изборите, по што тие беа приморани на формирање на политички партии со цел нивно вклучување во изборниот процес кој претстои во октомври.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни