Непознати дронови над француска воена база во Марна: властите смируваат дека не се воени летала

Француските власти потврдија дека изминатиот викенд над воената база Мурмелон-ле-Гран во департманот Марна, на североистокот на земјата, биле забележани неидентификувани беспилотни летала.

Според официјалните информации, станува збор за мали комерцијални дронови, а не за воени летала. Инцидентот е оквалификуван како „исклучителен“, но властите нагласуваат дека засега нема индиции дека зад него стојат странски држави, пренесува RFI.

Дроновите биле забележани во ноќта меѓу 21 и 22 септември, по што е покрената истрага и преземени се безбедносни мерки.

Воената база Мурмелон-ле-Гран се протега на повеќе од 10.000 хектари и е една од најзначајните во Франција.

Инцидентот се случува во период кога неколку европски земји пријавија слични појави во својот воздушен простор. Изминатите денови беа регистрирани руски дронови над Полска, Романија и Естонија, а неодамна и над воени објекти во Данска, Шведска и Норвешка – што предизвика привремени затворања на аеродроми.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни