На социјалните мрежи се споделува еден важен апел за помош на ежовите, кои во зимските месеци често се наоѓаат на необезбедени места, што може да ги доведе во опасност. Ваквите апели не само што имаат за цел да потсетат на важноста на овие животни во екосистемот, туку и да насочат внимание на тоа како правилно да се постапи ако пронајдеме еж кој изгледа како мртов, а всушност може да биде во хибернација.
Го споделуваме интегрално целиот апел!
Ако во студените месеци најдеш “мртов” eж, не го закопувај, не го фрлај во кантата за ѓубре…Бидејки тоа може да биде еж во хибернација од ноември до март.Вообичаено копаат дупки за да останат безбедни, но се помалку зелена вегетација, грмушки или шуми, и сè потешко е да се најде безбедно место за да се помине ноќта во зима. Некои можат да дојдат во вашиот двор барајќи безбедност и топлина за хибернација, некои се толку уморни од потрагата што завршуваат спиејќи на чудни места како пат или тротоар.За време на зимскиот сон, срцето и општата работа на телото малку се успоруваат за да се зачува енергијата, која може да збуни личност дека ежот е мртов.Во секој случај, ако видите неподвижен еж, направете дупка и ставете го во картонската кутија на суво, безбедно и тивко место за да може да ги помине студените месеци таму. Ежот е загрозен вид, потполно безопасен и многу важен во нашиот екосистем. Јадат бубачки, полжави, жаби, гуштери, змии, вклучувајќи ги и отровните. Научниците одамна го забележале имунитетот на ежовите на силни отрови, вклучувајќи ги и угризите од змии. Овој феномен на антидот е сé уште непознат за научниците. Не те чини ништо да помогнеш на толку кршливо животно.