Најголемата санта лед повторно се движи, овојпат кон островот Јужна Георгија

Научниците сметаат дека овој леден брег веројатно се одвоил како дел од природниот циклус на раст на ледната плоча, а не поради климатската криза предизвикана од фосилни горива. Но глобалното затоплување предизвикува загрижувачки промени на Антарктикот, со потенцијално разорни последици за глобалниот пораст на нивото на морето

Најголемата санта на лед на светот повторно се движи и се стравува дека може да се упати северно од Антарктикот кон островот Јужна Георгија. Ледената санта, наречена А23а, претходно беше „заробена“ околу подводната планина неколку месеци, според Андрју Мајерс, физички океанограф од Британското антарктичко истражување. Сега изгледа дека се движи со пoмош на струите кон Јужна Георгија, британска прекоморска територија во јужниот Атлантски океан.

„Во моментов не се движи директно кон островот“, изјави Мајерс во изјава испратена до CNN во четврток. „Но нашето разбирање на струјата сугерира дека наскоро ќе почне да се движи во тој правец“.

„Ледените брегови се сами по себе опасни“, рече поморскиот капетан Симонот Волас, кој зборуваше за BBC од владин брод „Pharos“ на Јужна Георгија.

„Цела ноќ имаме вклучени рефлектори за да се обидеме да го видиме ледот. Тој може да дојде од никаде“, додаде Волас.

Ледениот брег останува најголем на светот, според мерењата објавени од Американскиот национален центар за лед на почетокот на овој месец. Простирајќи се на подрачје од 3672 квадратни километри измерени во август, нешто поголеми од Род Ајленд и повеќе од двојно поголеми од Лондон, ледената санта А23а научниците ја следат внимателно откако се одвои од Филхнер-Ронне ледната плоча во 1986 година. Научниците сметаат дека овој леден брег веројатно се одвоил како дел од природниот циклус на раст на ледната плоча, а не поради климатската криза предизвикана од фосилни горива. Но глобалното затоплување предизвикува загрижувачки промени на Антарктикот, со потенцијално разорни последици за глобалниот пораст на нивото на морето.

Инаку Јужна Георгија и островите Јужни Сендвичи имаат богата биолошка разновидност и се дом на едно од најголемите морски заштитени подрачја на светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни