Најден потенцијален лек за ретка и смртоносна болест на кожата

Токсична епидермална некролиза – ТЕН се развива како одговор на одредени лекови и може да влијае на сите старосни и етнички групи.

Болеста која започнува како безопасен осип, а потоа се претвора во ноќна мора во која повеќе од 30 проценти од кожата се лупи, конечно има потенцијален лек. Се работи за токсична епидермална некролиза (ТЕН), ретка, но фатална реакција на имунолошкиот систем на лекови.

ТЕН се развива како одговор на одредени лекови и може да влијае на сите старосни и етнички групи. Иако се смета за ретка, болеста погодува помеѓу еден и два милиона луѓе годишно ширум светот. Почесто е кај жените отколку кај мажите, а лицата со ХИВ имаат сто пати поголем ризик.

Болеста започнува со осип на лицето и градите и брзо го зафаќа устата, очите и гениталиите. Последиците се сериозни: инфекции, откажување на органите и воспаление на белите дробови, а во една третина од случаите болеста завршува со смрт. Оние кои преживеат поминуваат низ долг и напорен процес на оздравување, често со третман сличен на оној за изгореници.

Како е пронајден лекот?
Научниците од Институтот Макс Планк во Германија, во соработка со меѓународен тим истражувачи, успешно излекувале седум пациенти заболени од ТЕН или поблага верзија на болеста – Стивенс-Джонсонов синдром (СДС). Ниту еден од пациентите не пријавил несакани ефекти.

Еден од пациентите бил 59-годишен маж кој развил ТЕН на 35 проценти од своето тело откако започнал со лекување на рак на белите дробови. Неговата смртност била речиси 60 проценти. По земањето на новиот имуноинхибитор, инфекцијата престанала, а пациентот бил скоро целосно излекуван за 16 дена.

Како функционира новиот лек?
Класата на лекови позната како ЈАК инхибитори (ЈАКи) делува така што го потиснува преактивниот имунолошки систем. Научниците ги анализирале примероците на кожата од заболените пациенти и идентификувале шест клучни протеини вклучени во ЈАК/СТАТ сигналниот пат, кој е одговорен за воспаление на кожата и епидермално лачење.

Во предклиничките студии на глодари, научниците забележале значајни подобрувања на кожата само три дена по почетокот на терапијата. Овие резултати го поттикнале користењето на лекот кај седум пациенти, кои сите биле успешно излекувани и отпуштени од болницата во добро здравје.

Истражувањето, објавено во списанието „Nature“, поставува основи за идните клинички испитувања.

„Може да потрае недели да се опорави пациентот дури и по престанокот на земањето на лекот што предизвикал реакцијата“, вели Холи Андертон, биомедицински истражувач од Австралија.

Тој додава дека „способноста за брзо запирање на напредувањето на болеста во истражувањето значително ќе го подобри стандардот на нега за пациентите со оваа опасна болест“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни