Граѓаните инсистираат на итно и трајно решение за проблемот со дивата депонија.
Состојбата ја опишуваат како „неподнослива“ и „канцерогена“, истакнувајќи дека децата ја започнуваат учебната година изложени на чад и непријатен мирис. „Ова е екоцид. Бараме институциите да преземат одговорност без меѓусебни обвинувања и да го казнат виновникот“, изјави еден од учесниците на протестот.