Научниците најавуваат уште појасни слики од црните дупки

Научниците бележат напредок во можностите за фотографирање на слики од црните дупки благодарение на телескопот Event Horizon (EHT). Во 2019 година, EHT ја произведе првата слика од црна дупка, а сега истражувачите работат на тоа овие слики да бидат уште појасни.
Фото: EHT Collaboration

Користејќи различна бранова должина, тие успеале да креираат појасна слика која открива повеќе детали.

Дсоега, научниците кои работат со EHT користеле бранова должина од 1,3 милиметри за да ги фотографиираат црните дупки. Оваа технологија беше неверојатно откритие, но ограничена во поглед на деталите кои може да се фотографираат. Сега, користејќи пократка бранова должина од 0,87 милиметри може да се креираат појасни слики. Оваа промена им овозможува да фотографираат повеќе детали од прстенот околу црната дупка. Во иднина, кога ќе се додадат повеќе телескопи во мрежата на EHT резолуцијата на сликата ќе може да се подобри уште повеќе, што ќе доведе до почисти слики и потенцијално и видеа од црните дупки како се менуваат.

Со видеата ќе може да се види како црните дупки се менуваат со текот на времето и како прстените на светлина околу нив се движат. Тоа ќе ни помогне подобро да сфатиме како функционираат црните дупки.

Овој напредок на технологијата не носи поблиску до разоткривање на мистериите на црните дупки, кои се едни од најфасцинантните објекти во вселената. Научниците се надеваат дека со подобри алатки и технологија, ќе може да одговорат на повеќе прашања поврзани со нив, пишува Space.com.

Засега, ќе може да гледаме уште подобри слики и веројатно и видеа од црните дупки, кои ќе ни помогнат да влеземе подлабоко во најесктремните објекти во нашиот универзум.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни