Научници од Институтот Руѓер Бошковиќ први во светот го дешифрираа геномот на редок речен паразит

Жени-научници од Институтот Руђер Бошковиќ (ИРБ) постигнаа светски прв успех со дешифрирање на гените на редок речен паразит кукаш Dentitruncus truttae, кој живее во цревата на рибите во реката Крка.

При тоа откриле и гени кои би можеле да бидат клучни во борбата против загадувањето со тешки метали.

Иако на прв поглед паразитите изгледаат незабележливо, тие имаат неверојатна способност да „вшмукуваат“ метали како олово, жива и кадмиум преку ѕидот на цревата на рибите, се вели во соопштението од ИРБ.

Заради оваа способност, тие биле во фокусот на истражувањата на научничките од Институтот, кои први ја дешифрираа целата група активни гени на овој вид и меѓу нив открија гени што помагаат во врзувањето на металите.

Со тоа ја разјасниле причината зошто овој организам може да преживее во услови со високи концентрации на токсични метали, а можеби дури и да го заштити својот рибји домаќин во загадената средина.

„Научната заедница одамна знае дека кукашите можат да акумулираат метали од околината и да ги собираат во своите ткива, но механизмот на тој процес беше целосно непознат“, објаснува Сара Шарири, докторка на науки и прва авторка на трудот.

„Нашето истражување е прв чекор кон разбирање како кукашите го прават тоа и зошто се толку успешни во тоа“, додава таа.

До сега, геномот и транскриптомот биле објавени само за еден вид кукаш од речиси 1300 познати видови, па резултатите од ова истражување се исклучително значаен научен напредок.

Покрај тоа што овие истражувања го продлабочуваат разбирањето на еволутивната биологија на паразитите, тие отвораат и нови можности за развој на молекуларни алатки во иднина, на пример, тестови што ќе ја мерат активноста на специфични гени на паразитот во контаминирани води.

Д-р Влатка Филиповиќ, дописна авторка на студијата, нагласува дека нивната група е една од ретките во светот која користи кукаши како индикатори за состојбата на животната средина.

„Овие податоци се основа за понатамошни истражувања за тоа како организмите се справуваат со внесот на метали“, објаснува таа.

Покрај тоа, поставено е ново прашање: ако кукашите ги штитат рибите домаќини од токсични метали, дали секогаш треба да ги гледаме како штетници?

Во време кога климатските промени и загадувањето на водите се меѓу најголемите глобални предизвици, кукашите би можеле да имаат неочекувана улога во мониторингот на животната средина, а нивната способност да преживеат и да ја заштитат рибата домаќин од прекумерна изложеност на метали укажува на фасцинантна биолошка отпорност и потенцијал за примена во заштитата на природата, порачуваат од ИРБ.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни