Како со цртежи стереотипот за женствени го замени со мускулести мажи

До ден-денес „љубителите на кожа“ и „мускулестите развиени мажи“ се составен дел од геј сцената. Тие ги одржуваат живи фантазиите на Том од Финска во барови, фетиш кругови или на маршевите на гордоста. Цртежите на Том сведочат за борбата за еднаквост.

Кожа, страст и мускулеста љубов: Секси скиците на Том од Финска беа икони на цела геј генерација. До денес, неговите уметнички дела го инспирираат ЛГБТИ движењето. Токму кога новото движење за правата на хомосексуалците почна да зема замав во Соединетите држави во 1960-тите, еден фински илустратор ја долови новооткриената самодоверба на заедницата во неговите дела: порнографските цртежи на Тоуко Лааксонен на хипер-мажествени моторџии, каубојци и морнари го заменија старото стереоптипно прикажување на хомосексуалниот маж како женствен.

Неговите илустрации прикажуваа екстремно мажествени типови кои се фалат со своите мускулести тела во тесни кожни комбинации, славејќи секс со други мажи. Лаaксонен, кој го носеше псевдонимот Том од Финска по неговата европска татковина, започна естетска револуција во геј сцената: „Кога почна да црта, немаше вистински примери за геј мажи“,  вели Ричард Вилани, креативен директор на Фондацијата Том од Финска, за DW. „Повеќе од сè, Том сакаше да им даде на квир мажите позитивна идеја за нивната сексуалност“.

По немирите во Стоунвол во 1969 година, неговите скици на мускулести мажи го погодија нервот, обезбедувајќи ги долго потребните икони кои ја отелотворуваат идејата дека љубовта меѓу мажите е целосно прифатлива. Дури и повеќе од 30 години по неговата смрт, бунтовничкиот дух на Том сè уште фасцинира.

Фестивалот за уметност и култура Том од  Финска 2023 година се одржа во Берлин на местото на поранешен женски затвор во месноста Лихтерфелде од 12 до 14 мај. Фестивалот, кој годинава се одржа по 29-ти пат, собра уметници, галерии и покровители од целиот свет, како и многу обожаватели на геј пионерот.

Вилани, кој ја организира тридневната прослава, знае дека има нешто магично во секс-позитивните пораки на илустраторот: „Се работи за радост, забава и смеа. Сите ликови од неговите слики добро се забавуваат заедно“.

До своите 50-ти години, Том веќе живееше од своите еротски слики, патувајќи напред-назад меѓу Европа и САД, живеејќи во Лос Анџелес шест месеци пред неговата смрт во 1991 година.

Тој остави свој белег на двата континента и инспирираше цели субкултури.

„Тој беше татко на кожата“, вели Вилани за уметникот, кој првично ја развил својата фасцинација за униформите како млад офицер во Втората светска војна. „Тогаш забележа колку убаво изгледа кожата во неговите скици. И одеднаш ги црташе овие кожни униформи и чизми. Црташе, живееше и уживаше во кожата“.

Треба да се спомене дека еден контроверзен аспект на некои негови дела е тоа што тие вклучуваат референци за нацистички униформи; но уметникот, кој очигледно не се плашеше од табуата, објасни за време на неговиот живот дека иако ја мрази идеологијата на нацистите, тој сепак чувствува дека облеката е „најсекси“. Подоцна во кариерата тој целосно ги отфрли овие дела.

До ден-денес „љубителите на кожа“ и „мускулестите развиени мажи“ се составен дел од геј сцената. Тие ги одржуваат живи фантазиите на Том од Финска во барови, фетиш кругови или на маршевите на гордоста. Цртежите на Том сведочат за борбата за еднаквост. Култот на мускулестото тело произлегува од фактот дека геј мажите секогаш морале да ги компензираат предрасудите за нивната наводна женственост, вели Кристофер Конер, социолог од Универзитетот во Мисури, Колумбија, кој ги истражува идеалите за убавина во американската ЛГБТИ заедница. Некои хомосексуалци реагираат на оваа предрасуда со тоа што сакаат да бидат најмажествениот тип во нивното окружување, додава Конер.

Меѓутоа, често е сосема невозможно да се живее до такви идеали. Според Конер, многу фактори, почнувајќи од сопственото социјално потекло, се одлучувачки: „Треба да можете да си дозволите соодветни тренинзи во теретана, а исто така и правилна исхрана. Мора да знаете кои вежби ви се потребни за да ги изградите правилно мускулите, бидејќи само тренинзите за издржливост не се доволни за таа конкретна градба“.

Многу геј мажи страдаат од патолошко незадоволство од сопственото тело. Оваа лоша слика за себе е „резултат на општеството кое нè третира како инфериорни“, вели Конер.

Додека Том од Финска несомнено обезбеди одлични, ослободувачки примери за својата заедница, дали неговите цртежи можеби одразуваат токсична потрага по идеали за убавина? Контекстот на создавањето на уметничките дела треба да се разбере кога се разговара за ова прашање: „Важно е да се толкува Том на сложени начини и да се биде свесен за ограничувањата во неговата уметност“, вели Жоао Лаја, главен куратор на музејот Киазма во Хелсинки, Финска, кој моментално ја надгледува најголемата ретроспектива на уметноста на Том досега.

„Мора да се препознае и револуционерниот потенцијал зад оваа уметност во моментот на нејзиното создавање“, додава тој.

Целта на Том беше да создаде антитеза на класичните предрасуди на женствениот геј маж. „Неговите слики ги охрабрија хомосексуалците кои сфатија дека постои друг начин да ги претставуваат“, истакнува Лаја.

Пред сè, неговите доцни дела се богати со позитивни пораки за телото: „Во 1980-тите и 1990-тите, пандемијата на ХИВ направи многу луѓе да бидат слаби поради што претставите на здрави и мускулести мажи имаа моќно дејство“.

Лаја е убеден дека квир заедниците сè уште црпат сила од иконските дела до ден-денес: „Со оживувањето на конзервативните ставови и наративи, важно е да се истакне како Том го поддржа стремежот за слобода, забава и живост од надвор од нормализираните идентитети“.

Социологот Конер, кој има критички став за возбудата околу претставите на тврдокорни геј мажи, исто така ја препознава вредноста на делата на Том. Особено во сегашниот контекст, вели тој, кога американските држави сè повеќе носат закони со кои се ограничуваат правата на ЛГБТИ луѓето, „Се чувствувам многу поинаку за тоа. Сликите на Том од Финска се многу секси и промискуитетни. Тие покажуваат дека е во ред да ги изразувате вашите желби и чувства“.

Вилани, Конер и Лаја се согласуваат дека делата на Том, кои еволуирале во текот на неговата кариера од речиси 60 години, биле моќни креации како реакција на многу специфичен општествен дух, од движењето за ослободување на хомосексуалците до пандемијата на СИДА, до отпорот на обновените анти-ЛГБТИ движења. Том беше фигура чие наследство продолжува да се реинтерпретира.

Ова е исто така во духот на Вилани и Фондацијата Том од Финска: „Мојата цел со Фестивалот за уметност и култура е да го отворам патот за новата генерација квир и еротски уметници, а со тоа, создавање мрежи во нови градови и заедници ширум светот“.

Извор: DW

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни