Иако температурата на површината достигнува околу 77°C, TOI-1846 b би можела да содржи густ состав богат со вода и гасови слични на тие кај Нептун, со цврсто каменесто јадро, ледени слоеви, па дури и потенцијален плиток океан или атмосфера.
Планетата е веројатно плимски заклучена, што значи дека едната страна постојано е свртена кон ѕвездата, додека другата останува во темнина – создавајќи температурен контраст кој, зависно од движењето на топлината низ атмосферата, би можел да овозможи присуство на вода во постудените региони.
Според истражувачите, домаќинската ѕвезда е околу 40% од масата и големината на нашето Сонце, и свети со температура од околу 3.315.000°C. Поради блиската орбита на планетата, таа е полесна за откривање со телескопите при премин пред ѕвездата.
Оваа планета е само една од многуте откриени со мисијата TESS, која од 2018 година има регистрирано повеќе од 7.600 такви транзити и потврдила над 630 планети.
НАСА планира да ја набљудува TOI-1846 b и со вселенскиот телескоп Џејмс Веб, кој преку инфрацрвена светлина би можел да открие присуство на водена пареа, метан, јаглерод диоксид или други гасови – со што ќе добиеме подетална слика за составот и потенцијалната еволуција на нејзината атмосфера.
TOI-1846 b не е сама – неодамна е откриена и друга слична супер-Земја, TOI-715 b, која се наоѓа на 137 светлосни години оддалеченост. Двете планети се важен чекор за разбирање како мали планети задржуваат или губат атмосфери низ времето.