Најекстремниот MTB настан се враќа: започнува Red Bull Rampage 2025!

Оваа недела ќе се одржи 19-то издание на легендарниот настан Red Bull Rampage, кој ги собира најдобрите светски фрирајд велосипедисти. Тие повторно ќе се соочат со суровиот терен на Вирџин, во југозападниот дел на Јута, каде што ќе ги покажат границите на човечката издржливост, техника и храброст.

Во четврток, 16 октомвринајдобрите женски фрирајд велосипедисти ќе се натпреваруваат по вторпат, во обид да ги запишат своите имиња во историјата на спортот. Во сабота, 18 октомври, на сцената ќе се појават најдобрите машки фрирајдери, подготвени да ги совладаат едни од најпредизвикувачките терени во светот и да се борат за највисокото место на подиумот и престижниот Red Bull Rampage трофеј.

Настанот Red Bull Rampage претставува уникатен предизвик за сите учесници. Целта е да се спуштат по стрмната и карпеста планина по рута што самите ја избираат. Иако не се работи за трка во класична смисла, постои почетна и крајна точка, а спортистите имаат неколку дена да изградат креативна и впечатлива рута за своето возење, со помош на двајца асистенти.

Планината нема природен пат за спуштање, па секој натпреварувач мора да ја совлада по свој сопствен избор и на свој начин, комбинирајќи скокови, остри свиоци и технички предизвици. Секој ја одредува линијата што најмногу одговара на неговиот стил – или преку спектакуларни трикови или преку прецизно и контролирано возење.

За време на финалето, велосипедистите имаат два обиди за спуштање. Нивните настапи ги оценува стручно жири според креативноста, тежината на рутата и изведбата. Победник е оној кој ќе добие највисока оцена. Во случај на израмнет резултат, се пресметува вкупниот број поени од двете возења.

Red Bull Rampage е настан каде може да учествуваш само со покана. Спортистите кои минатата година завршиле меѓу најдобрите десет, автоматски се квалификуваат, а останатите места се пополнуваат со ‘wildcard’ покани избрани од комисија составена од поранешни натпреварувачи, професионалци, судии и експерти од индустријата.

Оваа година, Red Bull Rampage 2025 ќе се одржи на две легендарни локации. Машките натпреварувачи се враќаат на теренот што последен пат се користел во 2021 година, додека женските ќе настапат на локацијата од 2014-2015 година.

Машката локација за 2025 година изгледа како природен амфитеатар. Според мене, тоа е еден од најимпресивните терени досега“, вели Carson Storch, Red Bull Rampage ветеран кој се натпреварувал токму таму во 2016, 2017 и 2021 година. Тој додава дека секое спуштање е стрмно и динамично, без простор за одмор, што го прави искуството постојано интензивно и возбудливо.

Женската локација за 2025 има посебно значење. Таа е местото каде што се одржаа настаните Red Bull Formation во 2019 и 2022 година, кои го означија почетокот на новата ера за женскиот фрирајд планински велосипедизам. Оваа година, многу од тие велосипедисти се враќаат како официјални натпреварувачи, со можност повторно да ги возат своите стари линии или да искористат делови од претходните Red Bull Rampage рути.

Теренот на женската локација е еден од најпространите, што нуди безброј можности за различни пристапи и линии“, објаснува Hannah Bergemann, една од оригиналните учесници на Red Bull Formation.

Само го спроведов планот и чувството беше неверојатно. Подготовките, визуелизацијата и пробните возења дадоа резултат. Сега ми останува само да соберам уште искуство и неколку дополнителни обиди“, додава Bergemann.

Младиот 23-годишен велосипедист од Јута, Jaxson Riddle, оваа година ќе дебитира на Red Bull Rampage.

Планот ми е да возам што е можно повеќе и да видам што функционира најдобро. Вежбавме скоро два месеца секое утро, совладувајќи скокови и технички делови, за да бидеме подготвени за големиот настап. Верувам дека трудот ќе се исплати“, изјави тој.

Белгискиот фрирајд велосипедист Thomas Genon се подготвува за своето 12-то учество, овојпат со малку изменета верзија на линијата што ја возеше пред неколку години.

Имав линија што многу ми се допаѓаше пред четири години, но средниот дел ми изгледаше послаб. Горе беше стрмен и вистински фрирајд, а долу погоден за трикови. Затоа годинава го променивме токму тој дел. Возбуден сум да видам како ќе изгледа сè кога ќе завршиме со копањето“, вели Genon.

Не пропуштај го најекстремниот фрирајд МТБ настан во светот –  следи го Red Bull Rampage 2025 во живо на Red Bull TV и на YouTube каналот на Red Bull Bike.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни