Над 250 автори од 45 земји се пријавија за 15 издание на „Ехо“

Филмскиот фестивал „Ехо“ годинава забележа рекорден број на пријавени автори за својата меѓународна програма, со повеќе од 250 филмски творци од 45 различни земји. Официјалното пријавување заврши на 1 септември, а интересот за учество е најголем досега.

Фестивалот, чија мисија е да донесе приказни од сите краишта на светот пред македонската публика, има за цел преку филмската уметност да поттикне едукација, инспирација и културна размена. Пријавените автори ќе се натпреваруваат во неколку категории, како што се најдобар долгометражен филм, најдобар филм на тема екологија, планинска култура, качување и алпинизам.

„Ехо“ продолжува да расте во својата 15-та година, а организаторите најавуваат дека наскоро ќе бидат објавени повеќе информации за програмата и специјалните настани што ќе се одржат во рамките на фестивалот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни