Здружението на граѓани „Коледари“ од Куманово ги набраа бадниковите гранчиња и денеска повикаа на масовно присуство на верниците за прославата за Бадник и го избраа овогодишниот кум, Драган Трајковски.
Како што информира надлежните од Здружението, на 6-ти јануари со почеток во 10:30 часот коледарите ќе се соберат во „Касапски круг“, ќе присуствуваат на литургијата во Соборниот храм „Свети Никола“ каде ќе се подели и коледарската погача. Традиционалната коледарска поворка ќе почне напладне низ улиците на градот и ќе заврши на градскиот плоштад.
Од Здружението „Коледари“ ги повикува сите граѓани на Куманово да им се придружат на чествувањето на Бадник.