На колку бари треба да се напумпани гумите во зима?

Само правилно надуваните гуми подобро возат по снег, штедат гориво и на крај, но не најмалку важно – траат подолго

Во региони со многу снег на патиштата зимски, постои верување дека тркалата со недоволно надувани гуми се подобри за возење по снег затоа што остваруваат поголем контакт со подлогата.

Гумите на автомобилот имаат неколку многу важни функции. Покрај тоа што ја носат тежината на возилото, гумите за автомобил ја ублажуваат силата на ударот кога возилото наидува на дупки или на други препреки на патот.

Кога доаѓа до промена на времето, како сега, многу е важно да ви бидат правилно надувани гумите.

Кога има снег, многумина тврдат дека гумите треба да бидат помалку надувани за да имаат поголем контакт со подлогата.

Иако ова не е технички погрешно (понекогаш е корисно за полесно излегување од длабок песок), всушност никогаш не е безбедно возење со ниски притисок во гумите намерно, дури и по снег и на ниски температури.

Возењето со недоволно надувани гуми зимски, со снежни падови, повеќекратно ја зголемува веројатноста за судири според студијата на Американската национална администрација за безбедност на патниот сообраќај. Затоа, само правилно надуваните гуми подобро возат по снег, штедат гориво и на крај, но не најмалку важно – траат подолго.

Обично автомобилските гуми на повеќето модели се на притисок од 2 до 2,4 бара, а препорачаната бројка за вашиот автомобил, која обично е истакната на налепница некаде на автомобилот (обично на внатрешната лима или рамка на вратата, или на вратанцата на резервоарот), треба да се применува во текот на целата година, бидејќи не постојат различни броеви за лето или зима, пишува Autoklub.

Меѓутоа, надворешната температура сè уште влијае на притисокот во гумите, па ќе морате зиме, кога ќе дојдат „минималци“, почесто отколку во летните месеци да проверувате и дополнувате гуми со воздух за да го одржите идеалниот притисок, кој е еден од најважните фактори за безбедноста при возењето, пишува Autoklub.

Во пракса, многу производители на гуми проценуваат дека губат 0,06 бара на секои 10 степени пад на надворешната температура. Исто така, подолгото паркирање на автомобилот зиме обично го дочекува сопственикот со делумно издувани гуми.

Корисно: Ако вашиот автомобил има систем за следење на притисокот во гумите, предупредувачката лампичка ќе се активира кога притисокот ќе падне за најмалку 25 проценти. Ова „ситница“ е особено корисна за следење на притисокот во гумите по ладно време.

Ако немате овој сензор, проверете ги гумите веднаш по неколкучасовно паркирање на автомобилот (возењето ја подига температурата на воздухот, а со тоа и притисокот на воздухот во гумите) за да добиете најточна бројка за губитокот во споредба со пропишаната.

Обавезно проверете го препорачаните притисок за предните и задните гуми, бидејќи обично предните се надувуваат за околу 0,2 бара повеќе од задните поради тежината на моторот под хаубата, пишува Autoklub.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни