Најмалку 55 загинати во напад на џихадисти во Нигерија

Најмалку 55 лица загинаа во напад на џихадисти на североистокот на Нигерија, што се случил во петокот навечер, јавуваат извори блиски до безбедносните сили и една невладина организација, пренесе Франс прес.

Нападот се случил во градот Дарул Џама, каде што има и воена база на границата меѓу Нигерија и Камерун. Според информациите, меѓу загинатите има и пет нигериски војници.

Иако насилството од страна на џихадистичките групи е намалено во однос на најжестоките судири со Боко Харам (2013–2015), сепак, особено припадниците на отцепената група Исламска држава во Западна Африка (ISWAP) продолжуваат со напади врз руралните подрачја во североистокот на земјата.

Очевидци сведочат дека напаѓачите пристигнале со мотоцикли, отвориле оган со автоматско оружје и запалиле куќи.

Според извори од една локална невладина организација, бројот на жртвите може да биде и повисок од 55, со можност да надмине 60 лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни