Најбогатата жена на светот изгуби милијарда во еден ден

Богатството на Франсоаз Мајерс-Бетанкур и нејзиното семејство се намали за 6,9 милијарди долари, што ја направи најголем губитник меѓу милијардерите според листата на Forbes, која го следи нивното богатство во реално време. Во петокот, акциите на L’Oréal, француската козметичка компанија каде семејството поседува третина, паднаа за 9%, што претставува најголем пад од Големата рецесија.

Иако Мајерс-Бетанкур, внука на основачот на L’Oréal, сè уште е најбогата жена во светот со 26 милијарди долари повеќе од второпласираната, историјата на компанијата крие контроверзии. Нејзиниот дедо, Ежен Шулер, кој ја создаде формулата за боја за коса што ја постави основата на империското богатство, бил познат по своите антисемитски и националистички ставови. Во 1930-тите, Шулер активно соработувал со ултрадесничарски групи кои се спротивставувале на Третата република во Франција.

Групата, позната како La Cagoule, била поврзана со убиства и насилства, а Шулер им давал финансиска и логистичка поддршка. И покрај оваа темна историја, L’Oréal денес е шеста највредна компанија во Европа, а Мајерс-Бетанкур останува влијателна фигура како потпретседателка на одборот.

Франсоаз Мајерс-Бетанкур, која исто така е филантроп и авторка, ја води семејната фондација „Бетанкур Шулер“, која инвестира во научни истражувања и културни проекти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни