Мајка на Теона Стругар Митевска со премиера на Венеција 2025

На 82. издание на престижниот Венецијански филмски фестивал (27 август – 6 септември 2025), македонската режисерка Теона Стругар Митевска ќе ја отвори програмата Orizzonti со својот најнов филм „Мајка“. Со тоа, таа уште еднаш ја потврдува својата позиција меѓу најзначајните имиња на европската авторска кинематографија.

Фестивалот на Лидо оваа година ќе биде отворен со La Grazia на Паоло Сорентино, а со награда „Златен лав за животно дело“ ќе бидат одликувани Вернер Херцог и Ким Новак. Жирито, предводено од Алфонсо Куарон, ќе разгледува селекција што опфаќа филмови од Гијермо дел Торо, Јоргос Лантимос, Ноа Баумбах и Лука Гуаданињо.

Во овој високопрофилен контекст, огромен успех е влегувањето на македонски филм во официјална програма.

„Мајка“ – интимна драма за Мајка Тереза

Филмот ја следи пресудната недела од 1948 година, кога Мајка Тереза го напушта манастирот во Калкута за да го основа редот на Мисионерките на милосрдието. Во главната улога настапува Нуми Рапас, која го толкува комплексниот лик на Тереза, а покрај неа играат и Силвија Хукс (сестра Агњешка) и Никола Ристановски (о. Фридрих).

Сценариото е заедничка работа на Стругар Митевска, Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, а продукцијата е интернационална копродукција меѓу Белгија, Северна Македонија, Шведска, Данска, БиХ и Индија.

Снимање и меѓународен интерес

Филмот е снимен на автентични локации во Калкута, како Howrah Bridge, Kumartuli и Loreto Convent, а делови се реализирани и во Киев. „Мајка“ веќе обезбеди продажба во над 15 земји, меѓу кои Франција, Германија, Италија, Скандинавија и Полска, со најавена кино-дистрибуција од декември 2025. Теона Стругар Митевска веќе се етаблира како авторка која истражува големи и чувствителни теми.

По успехот на The Happiest Man in the World (2022), кој освои награди во европската фестивалска мрежа, „Mother“ ја позиционира уште повисоко – со амбиција да отвори дебата за сложената личност на Мајка Тереза и нејзиното наследство

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни