Мориси откажа концерти во САД поради смртна закана во Канада

Британскиот пејач Мориси ги откажа двата претстојни концерти во САД откако добил сериозна закана по животот пред негов настап во Отава, Канада.

Според канадските медиуми, 26-годишен маж од Отава е уапсен и потоа пуштен на кауција, откако наводно упатил смртна закана кон пејачот, чијо вистинско име е Стивен Мориси. Инцидентот се случил пред настап на музички фестивал минатата недела.

Иако концертот во Отава се одржа според планот, пејачот подоцна ги откажа настапите во Конектикат и Масачусетс, вклучително и концертот во MGM Music Hall во Бостон.

„Во изминативе денови постои веродостојна закана по животот на Мориси“, се наведува во соопштение на бостонскиот организатор објавено на Instagram.
„Од претпазливост за безбедноста на артистот и бендот, концертот е откажан.“

Мориси, поранешен фронтмен на култниот бенд The Smiths, е познат по своите остри ставови за животински права и политички прашања. Во 2006 година одби да настапува во Канада во знак на протест против годишниот лов на фоки.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни