Во чест на Олимписките и Параолимписките игри во 2024 година, Франција објави комеморативни монети од две евра.
Одбележувајќи ја својата 25-годишнина оваа година, денес еврото го користат речиси 350 милиони луѓе во 20 земји на ЕУ.
Тоa е симбол на европското единство – неговите банкноти имаат мостови од едната и вратите од другата страна, како одраз на врските и можностите создадени од нашата единствена валута.