„Треба да успееме во согласност со човечкото достоинство,“ вели Меркел во интервју за германски јавен сервис. За неа, хуманоста и достоинството се најважните критериуми во бегалската политика.
Десет години се поминати од нејзините познати зборови „Ќе успееме“, кога Германија ги отвори границите за илјадници бегалци кои пристигнаа преку Балканската рута. Од тогаш, многу работи се случија, а Христијанско-демократската унија (ЦДУ) направи пресврт во однос на политиката на Меркел.
Меркел признава дека нејзината одлука доведе до раст на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), но прашува дали тоа е доволна причина да се откаже од она што го сметала за правилно и хумано.
Денешниот германски канцелар Фридрих Мерк прогласи „пресврт“ во однос на бегалската политика и критикува дека во интеграцијата не е постигнат успех. Меркел, пак, вели дека ова е процес и дека многу е постигнато, но дека уште многу треба да се направи.
Таа истакнува дека решението на прашањето бегалци може да биде успешно само преку заедничка европска соработка и дипломатска мудрост.
Извор: N1info.rs