Метју Меконахи одбил 15 милиони евра за улога: Не е се во парите

Метју Меконахи, актер познат по своите разновидни улоги, има јасен став за разликите помеѓу успехот и парите.

Иако многумина имаат тенденција да ги поистоветуваат двата поима, Меконахи верува дека тие немаат исто значење. Како гостин во подкастот Modern Wisdom, актерот откри зошто чувството на исполнетост и среќа му е поважно од големата заработка која би му донела важни улоги.

„Денес парите и славата станаа синоним за успех. ‘Кој има повеќе е победник’“, рече Меконахи. Но, како што објаснува, за него „профитот“ има поинакво значење. „Постои разлика помеѓу успехот и профитот. Добивката се враќа, но не само преку бројките на сметката“.

Актерот призна дека ги цени парите, но додаде дека многу богати луѓе, иако финансиски успешни, не се задоволни од животот затоа што немаат вистинска цел. „Многумина ги загубија компасите. Тие само бркаа пари, но немаа ниту врски, ниту смисла во животот“, истакна тој.

Овој став не е нов во животот на Меконахи. Уште во 2012 година зборуваше за неговото повлекување од романтичните комедии кои му донесоа огромен профит.

„Ги сакав, добро плаќаа, беше забавно. Но, не бев сигурен дали сакам да продолжам по тој пат“, изјави тој тогаш за „Гардијан“. Тој додаде дека сака нешто што повторно ќе го исполни и затоа ги одбил понудите и покрај високите хонорари.

Во 2008 година, Меконахи одби улога во Magnum, P.I., и покрај тоа што му беа понудени 15 милиони долари, за да ги следи неговите инстинкти. Набргу потоа, тој ја прифати улогата во филмот Dallas Buyers Club за помалку од 200.000 долари. Улогата  го доведе до Оскар и пресврт во кариерата, што му донесе многу повеќе исполнување отколку парите што ги одби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни