Медиумската писменост, клучна вештина за заштита во модерниот дигитален свет

Во денешниот дигитален свет, постојано сме изложени на огромен обем на информации. Но, колку често запираме и размислуваме пред да споделиме или да веруваме на нешто што ќе прочитаме онлајн? Принципот Застани, Размисли, Провери е еден од најмоќните начини да се спречи ширењето на дезинформации. Со само неколку секунди критичко размислување и проверка на изворите, можеме да ја спречиме штетата која лажните вести ја предизвикуваат. 

Секој од нас игра улога во оваа битка, која почнува со медиумската писменост. Токму тука, принципот Застани, Размисли, Провери добива посебно значење. Пред да споделите линк или информација, направете пауза и размислете дали таа е веродостојна. Ова е основен чекор кон создавање подобро информирано општество. 

Младите се меѓу најранливата категорија во овој поглед. Информациите се шират преку различни дигитални канали со неверојатна брзина, а младите се често изложени на поголем ризик од секакви дезинформации и манипулации. Затоа е важно да се промовира медиумската писменост, не само како заштита од лажни вести, туку и како вештина што ќе им помогне на младите да размислуваат критички и да учествуваат во дигиталниот простор на одговорен начин. 

 За да се справиме со овие предизвици, платформата Future Fluent, создадена од Здружението за граѓански активизам и мобилизација – Ефект, со поддршка од Чешката амбасада во Северна Македонија, е создадена со цел да помогне во процесот на едуцирање кога е во прашање медиумската писменост. Платформата нуди бесплатна онлајн едукација преку која можат да се едуцираат корисниците за тоа како да препознаат дезинформации, да проверуваат извори и да се однесуваат одговорно додека навигираат онлајн.  

Медиумската писменост е суштинска не само за заштита од лажни вести, туку и за одржување на здраво и информирано општество. Со секој клик, со секоја споделена содржина, придонесуваме за креирање на онлајн реалноста. За да ја зајакнете вашата медиумска писменост и да научите како да се справувате со дезинформациите, посетете ја платформата Future Fluent на www.futurefluent.info.

Најново

Последни колумни