Македонското еколошко друштво одржа Bat Walk, или „Прошетка со лилјаците“.
На овој начин ја одбележaa Меѓународната ноќ на лилјаците. Учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Ресен имаа прилика да слушнат најпрво презентација од страна на биологoт и експерт за цицачи, Александар Стојанов, а потоа и на терен, во напуштен објект ги видоа лилјаците кои го користат истиот како привремено живеалиште.