Ова е дел од судскиот процес меѓу Маск и OpenAI, кој се води во Северна Калифорнија. Судот неодамна дозволи и OpenAI да поднесе противтужба против Маск. Да потсетиме, Маск заедно со Сем Алтман и други го основа OpenAI во 2015 како непрофитна организација.
Кога во февруари Маск изнел предлог да ја купи компанијата, жестоко реагирал на тоа што OpenAI и Алтман ја претворија во профитна корпорација, иако првично беше замислена како непрофитен проект. Поранешното пријателство меѓу Маск и Алтман одамна се претвори во ривалство, особено откако OpenAI стана водечки играч во генеративната вештачка интелигенција, а Microsoft инвестираше милијарди во компанијата.
Маск уште во 2023 ја основа својата компанија xAI, како директен конкурент на OpenAI, и поднесе тужба за наводно кршење на договори. Од друга страна, OpenAI во противтужбата го обвинува дека со постојани тужби и јавни напади им го нарушил работењето, па дури и дека неговата „понуда за купување“ била повеќе форма на притисок отколку вистинска намера.
Обид за договор со Цукерберг
Во процесот на собирање инвеститорски конзорциум, Маск и xAI се обратиле до Марк Цукерберг со писмо на намера, во кое прашале за можни договори за финансирање или вложување. Но, како што стои во судскиот документ, ниту Цукерберг ниту Мета не го потпишале документот.
Мета одби да ја коментира ситуацијата, а адвокатите на Маск не одговорија на барањата на медиумите.
Во меѓувреме, според OpenAI, Мета „агресивно троши за развој на сопствените капацитети во вештачка интелигенција“, нуди енормни плати за истражувачи и наводно се обидува да „преполови“ кадри од OpenAI.
Судот сега треба да одлучи дали и колку комуникацијата меѓу Маск и Цукерберг ќе биде вклучена во постапката.