Кумановскиот актер Марко Трајковиќ оваа среда (20.03.2024) гостува во КЦ Бруталиск по прв пат со свое целовечерно стенд-ап шоу! Откако во јануари 2023 ја воодушеви публиката загревајќи ја пред настапот на регионалната ѕвезда Марко Дејановиќ од Загреб, тој речиси цела година нема настапувано никаде со своето шоу „Guess who’s back!”. Овој пат, за него ќе загрева Милан Трајковиќ како и многу пати досега кога Марко го изведувал своето познато шоу.
Шоуто почнува во 20ч., а организаторите ја повикуваат публиката да ги набави картите однапред и онлајн, заради ограничениот број. „Нашето гледалиште е мало и интимно и стенд-ап комедијата различно работи на вакви простори. Шегите се посмешни, комуникацијата со публиката е понепосредна, а пијачките се на дофат на рака без да се пропушти ни секунда од настапот.“ велат од КЦ Бруталиск и додаваат: „ Го враќаме најсмешниот кумановски моторџија по Е-75 во Скопје да продолжи каде што застана минатиот пат и да ни ја продолжи серијата вечери во среда посветени на стенд-ап комедија во Бруталиск.
Марко Трајковиќ има 33 години и е актер во кумановскиот театар каде игра во речиси сите претстави на неговиот репертоар, а неговиот лик го знаеме и од познати ТВ и филмски продукции како „Преспав“ и „Кајмак“.
Среда, 20.03.2024, 20ч.
Бруталиск
Бул. Илинден 38, Скопје
Цена: 300MKD
Карти: www.bileti.drugastrana.mk