„Мали жени“ – безвременска приказна што ги освои критичарите и публиката

Современата кинематографија често се потпира на адаптации кои ретко го достигнуваат квалитетот на оригиналот. Но, секогаш има исклучоци – еден од нив е филмот Мали жени од 2019 година, во режија на Грета Гервиг, кој не само што ги воодушеви критичарите и публиката, туку претставува и последниот филмски проект во кој се појави актерката Ема Вoтсон.

Безвременска приказна на големото платно
Филмот е базиран на истоимениот роман на Луиза Меј Олкот од 1868 година и ја следи приказната на сестрите Марч – Мег, Џо, Бет и Ејми – на нивниот пат кон созревање, борба со сиромаштијата, љубовта и личните амбиции. Романот доживеал седум филмски адаптации, почнувајќи од 1917 година.

Во различните верзии на Мали жени глумеле бројни познати ѕвезди, како Елизабет Тејлор во верзијата од 1949 година, и Винона Рајдер, Сузан Сарандон и Кристијан Бејл во верзијата од 1994 година, режирана од Џилијан Армстронг.

Верзија што ги воодушеви критичарите
Сепак, многумина веруваат дека токму верзијата на Грета Гервиг е најуспешна. Режисерката на Barbie состави импресивна актерска екипа: Ема Вotсон, Мерил Стрип, Сирша Ронан, Флоренс Пју, Елајза Сканлен, Лора Дерн и Тимоти Шаламе.

Филмот постигна голем успех, што се гледа и преку високите оценки на Rotten Tomatoes – 95% од критичарите и 92% од публиката го оцениле позитивно.

Емоционална сила и режисерска длабочина
Филмскиот критичар Дејвид Грифитс за Subculture Entertainment вели:

„Секоја адаптација на Мали жени има нешто што ја прави посебна, но ретко која има толкава емоционалност и сила како онаа на Гервиг.“

Тој додава:

„Гервиг открива скриени слоеви на приказната кои помалку вештите режисери не би ги забележале, истовремено водејќи една од најталентираните млади актерски екипи што некогаш сме ја виделе во современата кинематографија.“

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни