Мал авион се сруши во швајцарските Алпи, постои сомневање дека тројца загинале

Мал авион кој бил на пат за Данска се сруши во Алпите на југот-исток на Швајцарија и изгоре, а тројца луѓе, за кои се верува дека биле на летот, веројатно загинале, соопштија властите.

Авион Extra EA-400 полетал од аеродромот во Самедан во Швајцарија на 17:20 часот по локално време. Тој пристигнал од Данска на 13-ти март и бил на пат назад кон Роскилде, близу Копенхаген.

Авионскиот инцидент се случил две минути по полетувањето, на крајот на населеното место Ла Пунт Шамуш-ша и авионското возило изгори. Полицијата изјавила дека жртвите сѐ уште не се официјално идентификувани. Не се објавени детали за причината на несреќата.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни