Лошиот квалитет и недостатокот на сон станаа вообичаени проблеми поврзани со здравствени состојби како што се кардиоваскуларни болести, дебелина и дијабетес. Затоа, развиени се различни интервенции за подобрување на спиењето. Eден од потенцијалните пристапи е да се зголеми внесот на магнезиум преку исхрана или суплементација.
Магнезиумот е суштински минерал во телото кој учествува во бројни биолошки процеси, вклучувајќи регулација на невротрансмитер и енергетски метаболизам. Како недостатокот на магнезиум влијае на здравјето? Недостатокот на магнезиум може да се појави поради несоодветна исхрана или одредени здравствени проблеми, како што се дијабетес тип 2, болести на дигестивниот систем или зависност од алкохол. Луѓето со недостаток на магнезиум се соочуваат со поголем ризик од кардиоваскуларни болести и други здравствени компликации.
Како магнезиумот влијае на спиењето?
Магнезиумот влијае на сонот на неколку начини. Истражувањата покажаа дека може да го подобри квалитетот на сонот со тоа што влијае на регулацијата на невротрансмитерите, односно го намалува нивото на стрес и помага да се релаксираат мускулите. Покрај тоа, магнезиумот игра улога во регулирањето на хормонот мелатонин, кој е клучен за циклусот на спиење.
Суплементацијата со магнезиум може да го зголеми времетраењето на спиењето и да го намали времето потребно за заспивање, особено кај постарите лица.
Магнезиумот може да се добие и преку храна, а богатите извори на овој минерал вклучуваат: зелен лиснат зеленчук (на пример, спанаќ, кељ) јаткасти плодови (бадеми, индиски ореви, костени, лешници) семки (тиква, сончоглед, лен) авокадо цели зрна (киноа, кафеав ориз, овесна каша) морска храна (лосос, скуша, школки) темно чоколадо мешунки (леќа, црн грав) банани.
Редовното внесување на храна богата со магнезиум може да ги задоволи дневните потреби за овој минерал. Пред да се одлучите за суплементи, пожелно е да се консултирате со лекар, бидејќи високите дози на магнезиум може да предизвикаат несакани ефекти како гадење или дијареа. Диететскиот внес на магнезиум, од друга страна, се смета за безбеден бидејќи побавно се апсорбира и се излачува преку бубрезите.