Магазинот People одлучи! Ова е најсекси маж во 2024 година: „Мислам дека ме чекаат уште домашни работи поради оваа титула“ 

Sвездата на серијата „The Office“, Актерот Џон Красински, магазинот People го прогласи за најсекси маж во 2024 година. По добивањето на титулата актерот изјави: 

„Всушност, ми се стемни. Не мислев на ништо друго, освен дека некој ми се потсмева. Обично не се будам со помислата, дека ова е денот кога ќе ме прашаат да бидам Најсекси маж на светот?. Ова е денот кога Вие го направивте тоа“, рече Красински.

Красински е најпознат по улогата на Џим Халперт во серијата „The Office“, како и по филмот „Quiet Place“, но, и многу други, и со години е меѓу најпознатите актери. Како што вели актерот, тој првенствено се гледа како сопруг и татко и слободното време го поминува уживајќи со семејството. Красински моментално живее во Њујорк со сопругата Емили Блант со двете ќерки Хејзел и Вајолет. Неговата сопруга, вели тој, била „многу возбудена“ кога слушнала дека Џон е најсексапилниот маж за оваа година. 

Неговата сопруга, Блант, исто така се пошегува, дека ќе му ја претвори насловната страница, во тапети и дека со неа ќе ја обложи целата куќа. За време на интервјуто Красински меѓу другото рече дека многу го цени животот што го изградил со својата сопруга. 

„Убаво е кога си во брак со некого со кој постојано учиш, се менуваш и растеш. Многу сум среќен што поминувам низ тоа со неа“, рече тој. 

Актерот откри и дали неговата нова титула ќе промени нешто во неговиот живот.

„Мислам дека поради неа ќе морам да работам повеќе домашни работи. Откако се ова ќе помине, таа ќе ми каже: „Во ред, тоа значи дека треба да ја заработиш и дома“, истакна Красински.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни