Една единица на армијата на Мадагаскар денеска соопшти дека ја презела контролата врз вооружените сили, додека претседателот на Мадагаскар, Андри Раџоелина, го осуди тоа како „обид за незаконско преземање на власта“.
„Од сега, сите наредби на Армијата на Мадагаскар – копнена, воздушна и морнаричка – ќе доаѓаат од главниот штаб на CAPSAT (Корпусот на административен и технички персонал)“, соопштија офицерите од оваа единица во видео изјава, пренесува телевизијата BFM.
Засега, другите воени единици, како и официјалниот воен врв, не реагирале, а во главниот град Антананариво се одржуваат нови демонстрации.