Станува збор за системот MAI Diagnostic Orchestrator (MAI-DxO) – иновативна платформа што симулира дебата меѓу повеќе „виртуелни стручњаци“ со цел донесување точна и економична медицинска одлука. Тој користи повеќе моќни ИИ модели: GPT од OpenAI, Gemini од Google, Claude од Anthropic, Llama од Meta и Grok од xAI.
Во тестирање на 304 реални клинички случаи од списанието New England Journal of Medicine, системот постигнал точност од 85,5%, додека лекари без дигитални помагала биле точни само во 20% од случаите. Дополнително, системот ги намалил дијагностичките трошоци за 20% со тоа што избирал поефикасни и поевтини прегледи.
Клучниот момент, според Мајкрософт, е механизамот на „debate chain“ – каде повеќе ВИ агенти размислуваат и дебатираат како тим лекари, со можност да ги менуваат одлуките во текот на процесот, како што се појавуваат нови податоци.
„Нашиот систем не само што доаѓа до точна дијагноза, туку го прави тоа со оптимизирани трошоци,“ вели Доминик Кинг, потпретседател на Мајкрософт и ко-основач на проектот.
Иако комерцијализацијата засега не е планирана, следуваат пилот-проекти во реални болнички услови. Научниците од MIT и Scripps предупредуваат дека вистинската вредност ќе се докаже само преку ригорозни клинички испитувања, посочувајќи на можни ризици – како пристрасни податоци и недостаток на емпатија кај ВИ.
Сепак, пораката е јасна: веќе не се прашуваме дали, туку кога ваквите системи ќе станат составен дел од здравствениот систем.