,,Linkedin” ќе ги користи податоците на корисниците за обука на модели со вештачка интелигенција

„Можеме да ги користиме вашите лични информации за да ги подобриме, развиеме производите и услугите, да развиеме и обучуваме модели за вештачка интелигенција (AI), да ги развиваме, обезбедуваме и персонализираме нашите услуги и да стекнеме увид користејќи вештачка интелигенција“

По последното ажурирање на политика за приватност без најава, ,,Linkedin” ќе може да ги користи податоците на корисниците за обука на модели со вештачка интелигенција.

„Можеме да ги користиме вашите лични информации за да ги подобриме, развиеме производите и услугите, да развиеме и обучуваме модели за вештачка интелигенција (AI), да ги развиваме, обезбедуваме и персонализираме нашите услуги и да стекнеме увид користејќи вештачка интелигенција“, се вели во ажурираните услови за приватност на ,,LinkedIn”.

Корисниците кои не сакаат ,,Linkedin” да ги користи нивните приватни податоци може да ја отповикаат дозволата со одење во „Приватност на податоците“ и потоа кликнување на „Податоци за генеративно подобрување на вештачката интелигенција“. 

Ова исклучување „нема да влијае на веќе одржаната обука за вештачка интелигенција“, односно не ја откажува или санкционира претходната употреба на личните податоци на корисникот за развој на вештачка интелигенција. 

Најново

Последни колумни