Лековити, ароматични билки, есенцијални масла и едукативни трибини на „Фестивалот на чај“

Со слоганот „Време е за чај“, од 14 до 17 ноември на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи „Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават 30-тина учесници.

Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „ Nature Expedition“ и Skopje City Mall.

На четиридневниот фестивал, посетителите ќе имаат исклучителна можност да дегустираат и купат чаеви, продукти од ароматични билки, есенцијални масла и повеќе да дознаат за добрината на природата, традицијата, културата и моќта на лековитите билки.

Вистинки куриозитет на фестивалот ќе биде едукативната трибина, разиграна со работилниците: „Фитоклиника“, „Wellness Фитоарома терапија – face yoga“, церемониите на чај презентирани од турскиот Институт „Јунуз Емре“ и кинескиот Институт „Конфуциј“ при УКИМ . (Следете ја агендата на Instagram Skopje City Mall, Instagram Nature Expedition, facebook Skopje City Mall и facebook Фестивал на чај/Tea Festival )

Со едукативно катче ќе се претстави и „Ботаничката градина“ при ПМФ од Скопје и студентите од ИДСБ (Истражувачко друштво на студенти биолози), кои ќе ги презентираат македонските билки, науката и младиот потенцијал биолози. Во научното катче, децата и возрасните ќе можат заедно со ИДСБ да истражуваат хербариум и инсектариум и преку бинокулар (стереоскопски микроскоп) да ја погледнат димензијата на минијатурните семиња.

Во уметничкото катче „Градина“, децата ќе имаат прилика да уживаат во сликањето заедно со уметницата Сања Јовановска.

Фокусот на фестивалот е автентичноста која ни ја дава природата преку билките, природната медицина – лековитите билки, од кои се подготвуваат чаеви, есенцијални масла и сапунчиња, препарати за здрав живот, мевлеми и чајни колачи од билки, шумски плодови, путери и масло од лешници, мармалади.

Посебен простор е резервиран за пчелни производи, како природниот мед, козметика од мед и пчелни производи за поздрав живот. Неколку уметници и ракотворци ќе го дообојат фестивалот со рачно изработени чајници и филџани за чај. Посетителите ќе имаат можност да добијат и совети за поздрав живот од производителите на чаеви и есенцијални масла од ароматични и лековити билки.

На фестивалот учество ќе земат: Билна аптека „Матија“, ЛАСОИ & ЛА ЧА, Билна аптека „Роза Канина“, Ливан Хербал, Китка дарови, Игнеа еко арома козметика, ЛаВита Агро – лаванда и смиље и органски етерични масла, АПИ – природна козметика, БЛУМ – македонска природна, веганска рачно изработена козметика, Хелт Шоп Македонија – есенцијални масла, Мое сапунче – природни рачно изработени сапуни, Студио за сапун 23 – природни рачно изработени сапуни, Здружение Церебрална парализа /социјално семејно претприемништво одгледување и пакување на билки, Мирјана Ангелеска – производи од шумски плодови,
Македонка Балтазар-, производи од шумски плодови, Пчеларско здружение -Природен мед, Мед Хепи – природен мед и пчелни производи, Пчеларство ПетроскиВ и Пчеларство Антови.

Во рамки на настанот учество ќе земат и факултети, институции и институти како: „Јунус Емре“ – Турски културен центар, Институт „Конфуциј“ Скопје/Confucius Institute Skopje и Ботаничка градина/ПМФ/ИДСБ.
А целиот настан ќе го дообојат уметници и ракотворци: ТиноСки – персонализиран чаен аксесорис, рачно сликан витраж на стакло, Шарено ќоше – персонализиран, рачно сликан чаен аксесорис, Флуиднада (дигитален илустратор, дигитална илустација аплицирана на порцелан), ЕКО восични обвивки, Платформа за истражување на природата и културата Експедиција Природа -Хербариум.

Ноември е месец на науката. Во рамки на Фестивалот на чај, ароматични билки и есенцијални масла, ќе биде организирана ТРИБИНА со работилници на тема билното природно наследство и неговата примена / приземје Skopje City Mall (влез кај Play cafe)

  • Фитоклиника / Препознавање на билки, нутритивни вредности, примена и придобивки
    Едукатор: Марија Тодороска, проф.биолог, сопственичка на Билна Аптека „Матија“
    14 ноември (четврток) од 18:00 -19:00
    17 ноември (недела) од 12:00 – 13:00
  • Уметничка работилница ГРАДИНА со Сања Јовановска
    15 ноември (петок) од 18:00-19:00
    16 ноември (сабота) од 18:00 -20:30

• Кинеска церемонија на чај, презентација Институт „Конмфуциј“ при УКИМ
15 ноември (петок) од 17:00 (Церемонијата на чај е во 19.00)
17 ноември (недела) од 11:00 – 14:00

• Презентација на турската чајна култура од Турскиот културен центар Јунус Емре
16 ноември (сабота), PowerPoint и презентација на турската чајна култура од 19:00 – 20:00

• Wellness Фитоарома терапија – face yoga / природна органска козметика и јога вежби за лице за трансформација на кожата во здрава естетски прифатлива кожа
Eдукатори: Јана Цветковска Лазаревска дипл. фармацевт, специјалист по фитотерапија и Нена Јоновска сертифициран Face Yoga учител
16 ноември (сабота) од 12:00-13:00
17 ноември (недела) од 17:00 – 18:00

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни