Светската поп икона Лејди Гага, добитничка на 14 Греми награди, Оскар и Еми, денес го објави видеото за својот нов сингл „The Dead Dance“, со што ја одбележа својата прва креативна соработка со легендарниот режисер Тим Бартон.
Овој уникатен аудиовизуелен проект е снимен на Островот на куклите (Isla de las Muñecas) во Мексико, а видеото претставува совршен спој на готска естетика, таинствена симболика и експресивен сценски настап на Гага. Тим Бартон ја донесува својата препознатлива визуелна магија преку остри црно-бели кадри, нагло прекинувани од живописни експлозии на боја, додека се испреплетуваат застрашувачки кукли и емотивен танц со темнини.
Видеото е продуцирано од Гага и нејзиниот партнер Мајкл Полански, заедно со Бартон и Натали Теста.
Део од саундтракот за серијата „Wednesday“
Синглот е ко-продуциран од Лејди Гага, Ендрју Ват и Cirkut, и е дел од официјалниот саундтрак за втората сезона на Netflix хит-серијата „Wednesday“ (Среќа). Во серијата, Гага има камео улога како мистериозната Росалин Ротвуд, нов, интригантен лик што веќе ги возбудува фановите.
„Песна за крајот – и за повторното будење“
Гага откри дека инспирацијата за „The Dead Dance“ била прекин на љубовна врска.
„Песната зборува за она чувство кога љубовта завршува и како тоа знае да ја уништи нашата способност повторно да се надеваме. Но потоа, се претвора во песна за забава, за враќање на себе – за забава со пријателите, откако си поминал низ нешто тешко“, вели таа.
„Има навистина кул, фанки ритам. Едвај чекам луѓето да ја слушнат.“
Фантастични критики од музичките медиуми
Првичните реакции се исклучително позитивни.
- Billboard ја опиша песната како „сабласна electro-pop експлозија“ со атмосфера од 80-тите, весели синтови и тапанска машина.
- Rolling Stone ја нарече „возбудлива поп нумера со ритам за на подиум“.
- NME ја пофали „funky енергијата и заразната бас линија“, со напнати синтови и електрични гитарски моменти.
Настап на MTV VMA 2025
Гага ќе настапи во живо на MTV Video Music Awards на 9 септември, во Madison Square Garden. Како најмногу номиниран уметник оваа година – со вкупно 12 номинации, вклучувајќи и Best Album за „MAYHEM“ и Video of the Year за „Die With a Smile“ – се очекува нејзиниот настап да биде еден од највпечатливите моменти на вечерта.
Извор: N1info.rs