Ова е, меѓу другото, причината поради која електричните автомобили имаат помал опсег кога температурите надвор се ниски. Затоа е потребно да се внимава на оваа појава во зима, за да не се оштети батеријата.
За ова предупредуваат и упатствата за користење на телефонот, оние кои обично не ги читаме. Така, Apple во брошурата што доаѓа со iPhone наведува дека телефонот е дизајниран за употреба на надворешни температури помеѓу 0 и 35 Целзиусови степени. Ако телефонот се користи надвор од препорачаниот температурен опсег, може да се оштети.
И ако се користи долго време на ниски температури, телефонот може да доживее колапс на напон, брзо празнење и ненадејно исклучување. Сепак, тоа не значи дека телефонот е расипан, туку само дека треба да се внесе во просторија каде што температурата е повисока од надворешната.
Телефоните исто така не треба да бидат изложени на големи температурни промени, односно не треба веднаш да се внесуваат во прегреана просторија, доколку сте биле надвор на студ подолго време, пишува списанието Феникс. Тоа може да предизвика кондензација, која може да го оштети телефонот или да доведе до кратки споеви и корозија.
Затоа е најпаметно да го оставите телефонот во ходникот помеѓу 30 и 60 минути пред да го однесете во дневната или друга просторија.
А ако веќе е формирана кондензација на телефонот, треба да го избришете со крпа (по можност „магична“ крпа, направена од микрофибер, бидејќи не остава влакненца). Сушењето со фен или грејач треба целосно да се избегнува.