Во неговите раце басот добива нов живот, далеку од својата класична улога. Тој не е само ритмичка подлога, туку извор на исклучителен музички универзум: хармонии што дишат, пулсирачки ритми и перкусивни текстури што создаваат чувство на простор и движење. Со внимателно „прочистување“ на инструментариумот, Frise Lumière го открива неговиот целосен потенцијал и создава музички израз кој е експериметален, минималистички и длабоко интимен.

Првично оформен преку соработки со танчери, визуелни уметници и дизајнери на текстил, Frise Lumière со текот на времето комплетно се трансформира во соло авантура. По објавувањето на својот прв албум Bisou Genou, Герст продолжува да ги тестира prepared bass границите, создавајќи амбиенти во кои звукот се движи меѓу нежност и сурова енергија.

Неговиот последен албум Ambo е резултат на средби и влијанија од минатото и сегашноста, но и потврда за неговиот стремеж кон минималистичко и уникатно звучно искуство.
Концертот е дел од тековниот серијал на современа и експериментална музика, насловен: „ПРЕΔИЗВУК: од хаос до хармонија“.