Не сметајќи го влијанието врз здравјето, експертите размислувале да го измерат јаглеродниот отпечаток на шест различни видови храна, односно да проценат колку навистина ја спасуваме планетата ако се откажеме од месото.
Третина од штетните емисии на гасови доаѓаат од производството на храна, а еден од најголемите загадувачи е говедското месо – испушта 10 пати повеќе гасови од производството на пилешко.
„Климатските промени се дефинитивно еден од најгорливите проблеми денес и многу луѓе се заинтересирани да се префрлат на храна од растителна основа“ вели професорот Диего Роуз од Универзитетот Тулејн.
Повеќето луѓе ја менуваат храната што ја јадат во текот на животот, а многумина се откажуваат од веганството поради здравствени причини, па затоа не е лесно да се одреди колку нашата исхрана влијае на климата.
Веганската исхрана создава само 0,7 килограми јаглерод диоксид на 1.000 потрошени калории.
Се покажа дека кето диетата е најмалку одржлива бидејќи генерира 3 кг јаглерод диоксид на 1.000 потрошени калории.
Диетата Палео, која се базира на природна храна – зеленчук и овошје, месо, морска храна, природни извори на масти, јаткасти плодови, семки и јајца – испушта 2,6 кг јаглерод диоксид на 1.000 калории.
„Се сомневавме дека диетите базирани на месо се поштетни за животната средина, но никој претходно не ги споредуваше“ рече Роуз.
Врз основа на 16.000 испитаници, студијата покажа дека после веганската, вегетаријанската и пескатаријанската исхрана се најдобри.
Околу 86 отсто од испитаниците јадат и животински и растителни производи, а студијата покажа дека ако третина од тие луѓе се префрлат на вегетаријанска исхрана, тоа би било еквивалентно на елиминирање над 350 милиони километри патувања со патнички возила.
Дури и малите промени во исхраната ги намалуваат емисиите на штетни гасови. Дури и ако целосно не се откажеме од месото, можеме да имаме позитивно влијание врз животната средина, заклучува студијата.