Колку е безбедна хрананата која ја јадеме? Нанопластиката пронајдена и во зелнчукот

Првпат е докажано дека нанопластика навлегува во зеленчукот. Ова откритие отвора сериозни прашања за безбедноста на храната и здравјето на луѓето.

Пластичното загадување не го загрозува само морскиот свет. Ново истражување открива дека нанопластика може да продре во зеленчуците, што отвора сериозни прашања за безбедноста на храната и здравјето на луѓето.

Истражувачи покажаа дека најмалите честички пластика може да навлезат во јадливите делови на растенијата.

Како пластиката навлегува во растенијата

Тим од Универзитетот во Плимут користел ротквици во хидропонски систем за да следи како се движи пластиката низ растението. Тие ги изложиле растенијата на раствор со полистиренски наночестички обележани со радиоактивен јаглерод.

По пет дена, анализата покажала дека околу 5% од наночестичките биле апсорбирани од растението: Милиони честички се акумулирале во корените. Околу 25% од апсорбираната пластика стигнала до јадливиот дел и лисјата покажале траги – со околу 10% од честичките

Ова е првпат докажано дека нанопластика може да премине преку природните бариери на растенијата и да се распредели низ целото растение.

Пластика во растенијата = пластика на нашата трпеза

Според д-р Натанил Кларк, водечкиот автор на студијата:

„Ова е прво истражување што покажува дека наночестички од пластика можат да ја преминат Каспариевата лента во корените, која инаку треба да служи како филтер.“

Тој додава дека ова веројатно не е ограничено само на ротквици, што значи дека и други култури може да го апсорбираат истото.

Што значи ова за здравјето?

Истражувањето сугерира дека изложеноста на микропластика и нанопластика не доаѓа само преку морска храна или вода – туку и преку растителна исхрана.

Нанопластиката е: тешко детектибилна, речиси невозможно да се отстрани еднаш внесена и може да се акумулира во човечки ткива

Ова може да има долгорочни последици за исхраната, метаболизмот, фертилитетот и општото здравје.

Пластика во ланецот на исхрана

Овие честички може да се пренесат: од растенија до добиток до луѓе и од зеленчук → директно до нашите тела

Ова го прави проблемот системски, а не изолиран.

Следни чекори и предупредувања

Проф. Ричард Томпсон, коавтор на студијата, вели:

„Микропластика сме пронашле речиси насекаде каде што сме барале. Ова е само уште едно потсетување дека загадувањето со пластика има многу поширок обем отколку што мислевме.“

Идните истражувања ќе треба да утврдат дали различни култури апсорбираат нанопластика различно, како тоа влијае на нутритивната вредност и здравствените ризици и како да ја намалиме изложеноста преку земјоделство и вода за наводнување

Шокантно, но важно откритие

Ова истражување покажува дека пластиката може да навлезе во нашата храна уште додека расте. Со зголемено производство на пластика во светот, потребни се итни истражувања и политики за контрола на загадувањето во земјоделството, намалување на производството на микропластика и нанопластика и заштита на јавното здравје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни