Мрежа Стела го претставува Колаж Клуб, настан посветен на креативно справување со предизвиците на дигиталното родово базирано насилство.
Настанот ќе се одржи утре, (среда, 10 септември) во кафе-книжарницата Илика со почеток во 18:00 часот
На настанот предвидена е креативна сесија на правење колажи, рефлексија и дружење. Организаторите порачуваат дека не е потребно претходно искуство, туку само треба да ја понесете ја вашата Pinterest Board.
„Овој клуб е наменет за сите креативни личност кои сакаат да ја искористат својата имагинација во борбата против насилството, или пак бараат простор каде што креативноста и имагинацијата се неограничени. Заедно ќе создадеме уникатен шпил карти преку колаж, при што секоја карта ќе носи порака, мисла или одговор на штетните реалности на дигиталното насилство. Ова заедничко дело ќе послужи како алатка за подигање на свеста и зајакнување на солидарноста. Ве покануваме да го проследите настанот и заедно преку креативен активизам да ја покренеме свеста за опасностите и предизвиците од дигиталното родово базирано насилство. Преку нашиот Прирачник за справување со родови дезинформации и родово-базирано насилство во дигиталниот простор ќе информираме за препознавање на дигиталното насилство и родовите дезинформации и како може да се справиме и да делуваме за безбеден простор за сите“ велат организаторите.
Регистрацијата за сите учесници е на следниот линк .
Настанот се одржува во рамките на регионалниот „Defend the right to be yourself“ со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Франција во Северна Македонија.