Кои професии се најплатени во Македонија?

Во август, просечната плата во земјата се зголемила за два евра, но зад овие бројки стои многу повеќе од едноставен статистички податок. Од растечките примања во образованието, уметноста и јавната управа, до значителните зголемувања во секторите каде некогаш минималната плата беше норма, платите бележат определено ниво на раст кој го одразува влијанието на колективните договори и индустриските промени. Но, програмерите остануваат неприкосновени лидери со највисоки примања во државата. Што се случува во македонската економија и како тоа влијае на вработените?

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2024 година просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 61.806 денари, што е пораст во однос на август 2023 година, со индекс од 113.2. Овој раст се должи главно на значителното зголемување на платите во секторите како што се образование (19.3 %), уметност, забава и рекреација (18.9 %), и јавна управа и одбрана, каде зголемувањето е 17.3 %.

Дополнително, споредено со претходниот месец, значително зголемување на бруто-платите е забележано во секторите уметност, забава и рекреација (5.1 %), земјоделство, шумарство и рибарство (4.3 %), како и во објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.3 %).

И покрај покачувањата во секторите каде претходно се исплаќала минимална плата, како преработувачката индустрија, програмерите остануваат најплатени, со просек од 1.600 евра месечно. Следат вработените во фармацијата, воздухопловството, финансиите и научното истражување, со плати околу 1.000 евра.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни