Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2024 година просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 61.806 денари, што е пораст во однос на август 2023 година, со индекс од 113.2. Овој раст се должи главно на значителното зголемување на платите во секторите како што се образование (19.3 %), уметност, забава и рекреација (18.9 %), и јавна управа и одбрана, каде зголемувањето е 17.3 %.
Дополнително, споредено со претходниот месец, значително зголемување на бруто-платите е забележано во секторите уметност, забава и рекреација (5.1 %), земјоделство, шумарство и рибарство (4.3 %), како и во објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.3 %).
И покрај покачувањата во секторите каде претходно се исплаќала минимална плата, како преработувачката индустрија, програмерите остануваат најплатени, со просек од 1.600 евра месечно. Следат вработените во фармацијата, воздухопловството, финансиите и научното истражување, со плати околу 1.000 евра.