Кој заработил најмногу на Youtube и кој во Македонија е на прво место?

Од Македонија најмногу пари од YouTube заработил каналот GP, кој според Saving Spot добил 409 илјади долари. Популарниот македонски YouTuber прекина да објавува содржини на неговиот канал во февруари 2022 година, па оваа позиција сега е отворена за да ја преземе некој друг.

YouTube има над две милијарди активни корисници, што значи дека една четвртина од целата популација во светот се вклучува и гледа содржини на оваа платформа. Кога толку многу очи се свртени кон една точка, компаниите кои се рекламираат се подготвени да платат сериозни суми на пари за токму нивната реклама да излезе прва.

Истражувачите од Saving Spot побараа да видат колку пари заработиле најпопуларните YouTube канали од секоја земја од рекламите на нивните видеа заклучно со 2022 година.

Најдобро заработува YouTube канал со цртани филмови за деца

Најмногу пари од реклами на нивните видеа заработил каналот Cocomelon, според истражувањето на Saving Spot. Овој канал кој изработува 3Д анимирани видеа од популарни детски песни, како и нивни оригинални песни за деца досега заработил над 282 милиони долари. Исто така, овој канал е еден од малкуте со над 100 милиони претплатници.

Cocomelon е канал од САД, а од државите во Северна Америка, каналот VanossGaming од Канада заработил над 31 милион долари, додека каналот Badabun од Мексико над 39 милиони долари. Каналот VanossGaming објавува содржини од видео игри, а е во сопственост на познатиот Еван Фонг. На каналот се објавуваат видеа од Фонг кој игра игри со неговите пријатели.

Кој колку заработил во Јужна Америка?

Јужна Америка е уште еден континент каде на листата на YouTube канали кои најмногу заработил се тие со детски цртани. Четири од десетте најдобро рангирани канали од земјите во Јужна Америка се со содржини за деца.

Детскиот канал El Reino Infantil со седиште во Аргентина е најголемиот заработувач од сите, со над 100 милиони долари од неговото лансирање во 2011 година. Следува Galinha Pintadinha, кој е бразилски музички канал за деца со кокошка што пее. Таа содржина генерирала речиси 47 милиони долари.

Каква е ситуациајта во Европа и кој заработил најмногу во Македонија?

Европските Јутјубери почнуваат да заработуваат многу повеќе од претходно, бидејќи 27 отсто од корисцните на YouTube се од Европа. Во 16 земји најпопуларни се гејминг каналите на YouTube, но никој не може да се носи со рускиот гигант за детски видеа, Like Nastya со заработка од 167 милиони долари.

Осум-годишната Анастасија Раџинскаја и нејзините родители на рускиот канал објавуваат детски песни, приказни и игри. Според Форбс, Анастасија е една од најбрзо растечките креатори на содржини во светот, благодарение на нејзините видеа кои се произведуваат на седум различни јазици.

Од Македонија најмногу пари од YouTube заработил каналот GP, кој според Saving Spot добил 409 илјади долари. Популарниот македонски YouTuber прекина да објавува содржини на неговиот канал во февруари 2022 година, па оваа позиција сега е отворена за да ја преземе некој друг.

Тоа е сепак најниска сума во регионот доколку се спореди со каналот Eagle and Tails од Кипар кој има заработка од речиси 3 милиони долари, по кој следуваат Mudja од Србија со над 2,4 милиони долари, Vegatoys од Бугарија со 2,1 милиони долари, Zouzounia TV од Грција со 1,8 милиони и BloodMaster од Хрватска со 1,7 милиони долари. Под еден милион долари заработка имаат најдобрите канали од Албанија и Црна Гора, Elvis Naci и AdnanBro, кој заработиле 595 илјади и 469 илјади долари.

Анализирајќи ги само детските канали, од Македонија најмногу заработил каналот MACOKU TV кој објавува 3Д анимирани детски песни на албански јазик.

Детските канали доминираат и на Блискиот Исток и во Централна Азија

Каналите кои објавуваат детски песни и интерактивна содржина а деца се најпопуларни и во Азија. Најмногу заработил каналот Toyor Al Janah од Јордан кој има речиси 54 милиони долари заработка од YouTube. Toyor Al Janah е основана како телевизија во 1994 година од јорданскиот бизнисмен Калед Макдад. Го започна животот како детски ТВ канал пред да направи преселба на YouTube во 2008 година.

Oyuncakoynuyorum е уште еден канал со голема заработувачка. Турскиот канал на YouTube, кој е влог на сестрите Масал и Ојку, заработил 20 милиони долари откако почна да произведува редовни содржини во 2012 година.

Над 30 отсто од корисниците на YouTube се од Азија, па затоа и нивните заработки се високи

Повеќе од 30 отсто од сите корисници на YouTube доаѓаат од регионот на Азија и Пацификот, а тоа најмногу се должи на популаризацијата на оваа платформа во Индија. Во 2021 година, ChuChuTV стана првиот детски канал во Индија со над 50 милиони претплатници, а според истражувањето овој канал заработил над 81 милион долари.

 Најпопуларен канал во Австралија е CKN со 39 милиони долари заработка. Liziqiе најбогатиот кинески создавач на содржини на YouTube. Нејзиниот блог за животниот стил заработи 6 милиони долари, иако моментално е на пауза.

Африка е пазарот каде што YouTube допрва ќе се развива

Интернетот се уште не е широкораспространет низ афричкиот континент поради што се уште YouTube не е доволно развиен таму. Сепак и покрај тоа што еден во четири Африканци нема постојана интернет конекција, има креатори на содржини во Африка.

Канал кој заработил најмногу од YouTube во Африка е Creative Crafts in Five Minutes од Египет со заработка од 8,7 милиони долари. Друг популарен креатор од Африка е Oum Walid од Алжир, кој со рецептите за храна заработи речиси 4,9 милиони долари. Сенегалците Хусеин и Заинаб заработија над 2 милиони долари од исмејување на нивните постари роднини на YouTube, додека нигерискиот комичар Марк Ејнџел заработи преку 4 милиони долари објавувајќи ги своите скици на видео платформата.

Податоците на Saving Spot покажуваат дека креирањето содржини на YouTube може да биде добар бизнис и доколку тоа се прави на вистински начин може да донесе и добра заработка. Но, овие канали се само исклучоци. Просечниот канал на YouTube заработува само по околу четири илјади долари годишно, а повеќето не заработуваат ништо.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни