Во првите шест месеци од оваа година, вашата омилена анкета ВНИМАНИЕ донесе многу смеење, искрени одговори и прашања што боцкаат. Ви благодариме што ја следевте оваа сезона – се гледаме наскоро со уште поинтересни епизоди, затоа што ТРН боцка и кога не сакате.
Граѓаните ги прашавме: „Зошто имаме ден на пијаниците, а немаме ден на трезните?“
– „Затоа што народот цело време пие“, искрено ни одговори еден соговорник.
Прашањето „Што би правеле ако дојде крајот на светот – ќе бегаме или ќе се криеме?“ предизвика едногласен одговор:
– „И бегаме, и се криеме.“
Кога ги прашавме граѓаните за тетоважи, добивме навистина интересни одговори:
– „Обожавателка сум на тигри и лавови, би истетовирала лав со ‘Македонија’ под него.“
– „Сакав да истетовирам оптичка илузија на мојот газ“, без влакна на јазик одговори друг граѓанин.
А ние продолживме да боцкаме и со прашањето: „На колку години човек се откажува од секс?“
– Одговорите беа амбициозни: „над 60“, „на 70“…
Во оваа сезона бевме и во Струга, каде прашавме: „Зошто како Струга – нема друга?“
– „И да има, што ќе ти е?“ – духовито ни одговори еден граѓанин.
А на прашањето „На која возраст треба да се престане со излегување?“
– „После 26 – и право во пензија“, ни рече едно младо момче.
Погледнете го видеото и уживајте во најдоброто од ВНИМАНИЕ оваа сезона.
А наскоро ќе го откриеме и најдобриот одговор од оваа полусезона.
Следуваат уште повеќе прашања што боцкаат.