Китови живеат и до два пати подолго отколку што мислевме

Новите проценки за староста ги направиле користејќи фотографии на женки китови во текот на неколку децении. Некои китови можат да се препознаат од година во година на фотографиите

Јужните китови имаат животен век кој може да достигне и над 100 години, а 10% од нивната популација може да живее и над 130 години, покажало е новото истражување објавено во списанието Science Advances.

Некои од овие китови можат да живеат до 150 години, што е скоро двојно повеќе од претходните проценки, кои сугерираа дека овие животни можат да живеат помеѓу 70 и 80 години. Истовремено, се сметало дека северноатлантските китови имаат максимален животен век од околу 70 години.

„Сепак, откривме дека просечен животен век на овој критично загрозен вид е само 22 години, а ретко живеат над 50“, наведуваат истражувачите во својата студија.

„Овие два вида се многу блиски – пред 25 години се сметаа за еден вид – така што би очекувале да имаат сличен долг животен век. Острата разлика во долговечноста на северноатлантските прави китови ја препишуваме на смртност предизвикана од човечки фактори, како што се заплеткување во риболовни мрежи и удари со бродови“, додаваат научниците.

Новите проценки за староста ги направиле користејќи фотографии на женки китови во текот на неколку децении. Некои китови можат да се препознаат од година во година на фотографиите.

„Развивме она што научниците го нарекуваат криви на преживување, проценувајќи ја веројатноста дека китовите ќе исчезнат од фотографиите како што стареат. Од овие криви на преживување, проценивме максимален потенцијален животен век“, објаснуваат истражувачите.

Пред 25 години, научниците кои работеле со ловци на китови на Арктикот покажале дека гренландските китови можат да живеат до 200 години или повеќе. Нивните докази вклучувале пронаоѓање камени врвови од харпуните кои се користеле пред средината на 19-тиот век, а кои биле забодени во ткивата на китовите кои недавно ги убиле традиционални китоловци.

Истото така, анализата на протеините од очите на уловените китови дала дополнителни докази за нивниот долг животен век.

Зошто е важно да знаеме колку долго китовите можат да живеат?

Разбирањето на животниот век на дивите животни има големи импликации за тоа како најдобро да ги заштитиме. Животните кои имаат многу долг животен век обично се размножуваат многу бавно, понекогаш поминуваат години без потомство.

Стратегиите за зачувување кои ги земаат предвид овие бавни процеси на размножување имаат поголеми шанси за успех, особено во светло на климатските промени.

Постојат и други големи видови китови, како што се сини, грбави и сиви китови, кои успеале да преживеат ловот. Научниците моментално веруваат дека тие живеат околу 80 или 90 години, но сега ја доведуваат во прашање оваа проценка, бидејќи е можно нивниот животен век да биде и подолг.

Масовниот индустриски лов на китови, кој заврши во 60-те години на минатиот век, ги елиминирал старите китови од популацијата.

Истражувањата покажуваат дека губењето на постарите индивидуи од популациите е феномен што се јавува кај повеќето физички големи животински видови, што доведува до губење на „културата“ и „мудроста“ во рамките на популацијата, што може да го намали нивниот потенцијал за преживување во променети услови.

Професорот по екологија, Грег Брид од Универзитетот на Алјаска Фербенкс, кој работел на истражувањето за староста на китовите, рече: „Нашите прелиминарни резултати сугерираат дека може да поминат уште 100 години пред популациите на китови вистински да се опорават, дури и за видови чии популации сега бројат колку што беа пред ловот на китови.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни